Web
Analytics

Kairros

Kairros provides professional advice on a range of health management and re-employment issues for employers, insurers and clients.

  • Home page
  • Vocational programs to assist in your return to work - Macedonian - Kairros(current)

СТРУЧНИ ПРОГРАМИ ШТО ЌЕ ВИ ГО ОЛЕСНАТ ВАШЕТО ВРАЌАЊЕ НА РАБОТА

Како помош за враќање на работа, работодавачите имаат на располагање голем број стимулации. За нив може да поразговарате со компаниите директно и/или пак Kairros тоа можат да го сторат наместо вас.

Пробна работа

оваа програма ви нуди можност вам и на вашиот работодавач да ги испробате должностите за одредено работно место, постепено да ја зголемувате вашата самодоверба и капацитет или да си докажете себе си дека сте вреден и продуктивен работник. Пробната работа бара да се направи оценување и да се добие одобрение од вашиот назначен лекар што ве лекува, како и од вашата осигурителна компанија. Имате пристап до вкупно 12 недели пробна работа за време на траењето на вашето барање, така што обично препорачуваме да поминете 4-6 недели кај еден работодавач. Повеќе информации може да најдетe овде.

Поврзување со работа

оваа програма е еден вид варијација на програмата за Пробна работа, која на работодавачот му нуди $200 неделно, за да го охрабри учеството на работодавачите-домаќини. Оваа програма бара учество од минимум 15 работни часови неделно. Повеќе информации може да најдетe овде..

Програма за покривање трошоци за вработување (JCPP)

Оваа програма вклучува плаќање што го добива работодавачот по 12 недели, 26 недели и 52 недели за платено вработување, за минимум 64 часа месечно. Вработувањето мора да биде трајно или со договор на определено време во траење од најмалку 12 месеци. Вкупните плаќања изнесуваат $27,400 за период од 12 месеци. Повеќе информации може да најдетe овде.

Покривање трошоци за работа 6

Ова е скратена верзија на JCPP, која бара вработување или договор на определено време во траење од најмалку 6 месеци. Меѓутоа, за разлика од JCPP, не постои минимално барање за часовите поминати на работа секој месец. Повеќе информации може да најдетe овде.

Транзиција кон програма за работа

Оваа програма има за цел да помогне при надминување на бариерите кога прифаќате понуда за вработување. Плаќањето може да се однесува на курсеви, облека или други трошоци што произлегуваат по добивање писмена понуда за вработување. Оваа програма е ограничена на $5,000. Дополнителни $200 во финансиски средства се на располагање за да ви помогнат при процесот на барање работа, како на пример, купување соодветна облека што би ја носеле на интервју за работа. Повеќе информации може да најдете овде.

Плаќања за помош при ново вработување

Оваа програма исто така има за цел да помогне при надминување на бариерите при вработување и е пократка од програмата Транзиција кон програма за работа: Преку оваа програма, вам ќе ви бидат надоместени максимум $1,000 за трошоци во врска со прифаќање на понуда за ново вработување. Повеќе информации може да најдетe овде.

Back to top